16.04.2014 - 12:09 |
Последна промена пред 8 мин 11 сек

ДОКТОР ОЗ

ПОН-ПЕТ 16:30

 

Во ова шоу се говори за ВАС –  се` што влијае на гледачите, нивните семејства, нивното здравје и благосостојба. 

Шоуто на  Доктор Оз  е едукативна и динамична програма, а  Доктор Оз обработува повеќе теми во една емисија на начин разбирлив за широката публика. Тој открива нови информации за важните теми, инспиративни приказни и ги пренесува на само нему својствен начин. Заедно со водечките експерти од земјата, секој во својата област,  Доктор Оз во секоја емисија обезбедува информации за подобро здравје, правилна исхрана, слабеење, како да останете млади во врската, како да се справите со конфликтот и стресот. Ќе дознаете што е нормално, а што не, како некогаш можете сами да си помогнете,  како да ги препознаете предупредувачките знаци на болеста, како да го заштитите вашето семејство.

Две години по ред  „Шоуто на Доктор Оз“  е добитник на наградата Еми во категоријата Најдобро дневно шоу од информативен карактер.

Доктор Мехмет Оз е кардиохирург, работи како потпретседател и професор на Колумбија Универзитетот и повремено изведува операции на срце.
Автор е на повеќе од 400 публикации од кои  6 се најдобро продавани книги на “New York Times”. Магазинот  “Time” го стави на  8-то место на листата од 100 највлијателни луѓе, а  “Esquire” го прогласи за еден од  75-темина највлијателни луѓе во 21 век.

едукативна емисија

Емисии