Спорт плус
1. August 2015 - 18:39

ЕЛ: Македонија – Австрија 3:0

Македонската одбојкарска репрезентација ја постигна четвртата победа во групата од Европската лига откако попладнево ја победи Австрија со 3:0 во сетови во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Со овој триумф нашите одбојкари ги задржаа шансите за пласман на завршниот турнир од Европската лига.

Првите два сета избраниците на селекторот Жарко Ристоски ги завршија со 25:18 и 25:17, а во третиот сет беше 26:24.

Во групата А по седум одиграни натпревари Естонија е прва со 20 бодови, Македонија се проби на втората позиција со 13, Полска има 12, Австрија остана со 9, Данска има 5, а Израел е последен со 4. Македонија и Австрија утре ќе одиграат уште еден натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.