Фудбал
6. October 2015 - 15:11

И до 500 евра на „црно“ за гостувањето на Србија

Вистинска фудбалска треска владее во Албанија во пресрет на квалификацискиот меч помеѓу оваа репрезентација и Србија. Натпреварот ќе се одигра на 8.октомври во Елбасан.
 
Билетите за овој натпревар одподамна се распродадени, а како што пренесува порталот albeu.com, на ’црно’ цената на еден билет достигнува цена и до 500 евра.
 
Една жена на социјалната мрежа Twitter се пофалила дека набавила билет по цена од 500 евра. Од друга страна еден граѓанин оставил порака дека е подоготвен да го даде својот авотомобил за влезница за овој меч.
 
Инаку во редовна продажба еден билет се продаваше во цена од 2.000 леки (околу 15 евра).
 
Мечот Албанија-Србија во Елбасан на 8.октомври ќе започне во 20:45 часот.