Фудбал
25. November 2015 - 15:07

Куп: Сигурни победи за Работнички и Хоризонт Т. на првите четвртфинални дуели

Екипите на Работнички (бранител на трофејот) и на Хоризонт Турново остварија победи на првите натпревари од четвртфиналето од Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот Работнички како домаќин во Велес го совлада Силекс со 3:0, додека Хоризонт Турново со 4:2 славеше на гостувањето кај второлигашот Македонија ЃП. 
Без победник заврши единствено дуелот во Охрид меѓу Младост Царев Двор - Брегалница 1:1.
Утре со почеток во 13 часот ќе играат Шкендија и Вардар на стадионот Чаир.
Реванш натпреварите се предвидени да се играат на 2.декември (среда).