Фудбал
24. November 2015 - 22:57

ЛШ: Барселона со „шестка“ за Рома

Со убедливата победа од 6:1 над Рома на Камп Ноу Барселона обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Пласман во нок аут фазата по дуелот во 5.коло обезбеди и германскиот првак Баерн, откако вечерва со 4:0 го победи Олимпијакос.

Со поразот од 2:1 на домашен терен Олимпик Лион ги загуби шансите и за пласман на третото место во групата.

Резултати од 5.коло:

Е група: БАТЕ Борисов – Баер Леверкузен 1:1 и Барселона – Рома 6:1.

Табела: Барселона 13 бодови, Рома 5, Баер Л. 5, БАТЕ Борисов 4.

Ф група: Арсенал – Динамо Загреб 3:0 и Баерн – Олимпијакос 4:0.

Табела: Баерн 12, Олимпијакос 9, Арсенал 6, Динамо Загреб 3.

Г група: Порто – Динамо Киев 0:2 и Макаби Тел Авив – Челзи 0:4.

Табела: Челзи 10, Порто 10, Динамо Киев 8, Макаби Тел Авив 0.

Х група: Зенит – Валенсија 2:0 и Олимпик Лион – Гент 1:2.

Табела: Зенит 15, Гент 7, Валенсија 6, Олимпик Лион 1.