Фудбал
25. November 2015 - 11:08

ЛШ:Битка за првото место во Торино

Со натпреварите во групите А, Б, Ц и Д, во среда, ќе се комплетира претпоследното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите. Во оваа половина од елитното натпреварување пласман во осминафиналето веќе изборија Реал Мадрид и Манчестер Сити, а блиску до нокаут фазата се ПСЖ, Атлетико Мадрид, Јувентус и Бенфика.
 
ПСЖ во Малме, во рамките на А групата, со победа ќе го осигура пласманот меѓу најдобрите 16 во Европа. Златан Ибрахимовиќ ќе го предводи нападот на ПСЖ, против клубот во кој ја започна својата кариера.
 
Реал против Шахтјор ќе се вади за дебаклот кој во саботата го доживеа во големото дерби со Барселона.
 
Интерсни натпревари на програмата се во Б групата каде на две кола до крајот сите четири екипи имаат реални шанси да стигнат до осминафиналето.
 
Математиките се многу јасни во Ц групата, Бенфика и Атлетико Мадрид со евентуални победи над Астана, односно Галатасарај ќе ги решат сите дилеми околу патниците во нокаут рундата, а потоа во последното коло, во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе биде прв во оваа група.
 
Групата Д го нуди дербито на вечерта, Јувентус ќе го пречека Манчестер Сити и со победа ќе оди понатаму. Во вториот меч Севилја ќе гостува во Менхенгладбах и со евентуална победа, но и пораз на Јувентус, ќе ги задржи шансите за пласман во осминафиналето.
 
Група А: Малме-ПСЖ, Реал Мадрид-Шахтјор-Реал Мадрид
 
Табела: Реал 10, ПСЖ 7, Шахтјор 3, Малме 3
 
Група Б: ЦСКА Москва-Волфсбург, Манчестер Јунајтед-ПСВ Ајндховен
 
Табела: Ман.Јунајтед 7, ПСВ 6, Волфсбург 6, ЦСКА 4
 
Група Ц: Астана-Бенфика, Атлетико Мадрид-Галатасарај
 
Табела: Бенфика 9, Атлетико 7, Галатасарај 4, Астана 2
 
Група Д: Јувентус-Мачестер Сити, Борусија-Севилја
 
Табела: Ман.Сити 9, Јувентус 8, Севилја 3, Борусија 2
 
Шест натпревари ќе стартуваат во 20:45 часот, мечот во Астана помеѓу казахстанскиот шампион и Бенфика ќе започне во 16 часот, додека ЦСКА и Волфсбург својот дуел во Москва ќе го стартуваат во 18 часот.