Македонија
2. October 2018 - 8:22

Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата. 

На дневен ред утврдува предлог-одлуки за избор на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Комисијата ќе расправа и за утврдување предлог-одлука за избор на заменик-директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, за утврдување предлог-одлука за именување претседател и членови на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и за именување член на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.