Македонија
21. October 2018 - 16:04

Течат роковите за уставните амандмани - премиерот најави дека нема да се чекаат последните датуми

Забрзана динамика на политичкиот дијалог и скратени рокови по повод изменита на Уставот  согласно договорот од Преспа најавува премиерот Зоран Заев.  Вели дека нема да го искористи целиот рок од 15 дена одреден за подготовка на нацрт-амандманите. Заев ветува дека тие ќе бидат изготвени заедно со опозицијата.

Премиерот верува дека мнозинството на пратеници кои ќе ги поддржат конечните уставни измени ќе се зголемува. За него се прифатливи и четирите барања ои пред гласањето ги испорачаа 8-те пратенци од колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа поддршка за промените во највискиот уставен акт.

Заев дека се прифатливи четирите барања и не гледа спорно, и дека за примената на името за оние работи кои не се дел од преговорите ќе важи по влез во ЕУ.

Веќе утре почнува иницијативата за посебно собраниско тело составено од преставници на власта и опозицијата за помирувањето за настаните од 27 април побарано од опозциските пратеници кои гласаа за уставните измени во петокот, велат од владејчката СДСМ.

Парламентот во петок ја почна постпаката за уставни измени за проимена на името согласно догворот од Преспа  со 80 гласа за и 39 против.

По ова следуваат уште неколку фази и гласања на пратениците доцелоснитеизмени на Уставот. Целата процедура треба да заврши во втората половина на јануари.