Џака останува во Арсенал
Играчот од среден ред на Арсенал, Гранит Џака ги демантираше натписите на англиските и италијанските медиуми дека преговара за трансфер во Серија А.
Швајцарскиот репрезентативец, кој по потекло е од Косово, демантот во однос на тврдењата за негов наводен трансфер во Интер го даде на прес-конференција одржана во Приштина по собирот на ѕвездите во косовскиот главен град.
– Пишувале весниците за тоа, но ништо од тоа не е вистина. Тоа се само шпекулации и јас не сум имал никаков контакт со Интер, одговори Џака, демантирајќи ги англиските и италијанските весници кои тврдеа дека тој следната сезона ќе го облече дресот на нероазурите.
Инаку, последните две сезони Џака блескаше во дресот на Арсенал во англиското првенство, така што се очекува од следната сезона да ја преземе капитенската лента на топџиите, бидејќи е еден од најомилените играчи меѓу навивачите на лондонскиот клуб.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност