Македонија
29. July 2019 - 9:41

ВМРО-ДПМНЕ:Економијата страда, потребни се предвремени парламентарни избори

Економијата е на дното. Фирмите уплатиле 1/3 помалку данок на добивка во вториот квартал 2019, во однос на истиот квартал лани. Економијата тоне, а се помалку пари има кај граѓаните и бизнисмените.

Бизнисот е закован на дното. Покрај од лошите економски политики, стопанството страда и од рекетот кој го врши власта на чело со Заев.

Не може да има раст, кога Криминалниот октопод на власта, на чие чело е Зоран Заев рекетира кого ќе стигне. Нема бизнис во државата кој не е изрекетиран. Нема граѓанин кој не е понижен.

И додека економијата страда. Граѓаните се во постојан грч. Од затвор се пуштаат убијци и тешки криминалци, а во затвор завршуваат граѓани за сторен прекршок кога немаат пари да си ја платат казната.

Владата на Зоран Заев донесе само понижување, немаштија и неработа. Зоран Заев заедно со целата влада треба да си одат од власт. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ