Loading Video...
Ракомет
1. August 2019 - 15:33

Струшкиот ракометен турнир годинава без звучни европски екипи

Без големи звучни европски екипи, ќе мине годинашното издание на традиционалниот струшки ракометен турнир

47-мото издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга, кој важи за еден од турнирите со најдолга традиција во Европа, годинава ќе мине без звучни имиња на екипи од европската сцена. 

Така на турнирот што ќе се одржи од 14 до 17 август, а чии натпревари традиционално се играат крај Охридското езеро, на отвореното игралиште на „Женска плажа“, учество ќе земат шест екипи.

Покрај домаќинот Струга, а како главен фаворит за трофејот годинава ќе биде нашиот вицепрвак Еурофарм Работник од Битола, тимот што покрај Вардар ќе не претставува во Лигата на шампионите. 

Од македонските претставници, струшката публика ќе има можност да ги види и квалитетите на скопски Бутел кој ќе игра во европските купови.

Од странските тимови учество пријавија романска Констанца, шведскиот  Ескилстунa Гуиф како и грчки АЕК кој ќе биде замена за екипата на ЧСМ Букурешт која поради финансиски проблеми го откажа настапот.