Македонија
25. November 2019 - 16:38

Јане ја доби битката за која се бореше две години, во Скопје го прими лекот ,,Спинраза‘‘

Откако ги освои срцата на сите по триумфалниот говор во Обединетите нации, Јане Велковски од Скопје денеска конечно го прими лекот Спинраза. 11 годишниот Јане кој боледува од спинална мускулна атрофија и е во инвалидска количка, по двегодишна битка дочека и во Македонија да ја има неоходната терапија за оваа болест. До утре ќе биде на одделот за неврологија во Клиниката за детски болести заедно со уште пет деца кои ја имаат истата дијагноза и се под постојан надзор на медицинскиот персонал.

--На одделот беше стеризизирано и затворен е одделот за примање на терапијата. Повеќе и од мене е храбар од сите нас, добро помина аплицирањето на терапијата. До Нова година треба да прими уште три дози, се оди по шема и ударни се првите четири, вели Деница Велковска, мајка на Јане.

Јане терапијата ќе ја прима доживотно а за нејзините ефекти ќе почекаат по примање на првите дози. Тој заврши на Детска веднаш по враќањето од Њујорк, но неговите родители велат дека нес е жали на напорниот период што го имал. Но и свесен е за големината на зборовите што ги упати од седиштето на Обединетите нации.

-Ја почуствува моѓа од тоа што се случува таму како и сите оние што тој ги застапува со тој говор и издржа и ме воодушеви, вели Деница.

Фудбалот е најголемата опсесија на Јане преку која запозна голем број на светски фудбалски легенди а преку фудбалската магија ја водеше и битката за добивање на лекот. Здравствените власти во 2017 ветија дека Јане и осдтанатите деца со оваа болест ќе ја добијат терапијата. По две години таа стигна во земјата. Денеска и министерот Филипче ги посети децата кои примија спинраза на Клиниката за детски болести.