Loading Video...
Ракомет
6. March 2019 - 18:16
Нов пораз на Металург во СЕХА лигата
Во натпревар од 16.коло на регионалната СЕХА лига ракометарите на Металург се поразени на гостувањето во Прешов кај Татран со 30-20 (полувреме 16-11).
За Металург за кого ова беше 13-тиотпораз во СЕХА, по четири гола на денешниот меч постигнаа Димитар Димитроски и Анте Токиќ, а Тео Чориќ беше стрелец на три гола.
На Металург во СЕХА му останува да го одигра и последниот меч која на 12 март во Скопје ја пречекува Војводина.
Со победата над Металург и новите бодови, екипата на Татран се проби на четвртата позиција на табелата со 33 бодови колку што има и петто пласираниот Мешков Брест кој вчера во Скопје го победи Вардар сo 32:30. Така овие два тима ќе водат „мртва“ трка за местото кое носи настап на Фајнал-фор турнирот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->