Кошарка
6. October 2015 - 8:36

Пред 30 години Дражен уфрли рекордни 112 поени

На денешен ден пред точно 30 години, легендарниот Дражен Петровиќ во дресот на Цибона  уфрли рекордни 112 поени на средбата со Олимпија која поради административна грешка мораше да настапи со јуниори. 

Тоа го искористи Петровиќ и го сруши рекордот на Радивое Кораќ од 74 поени. Средбата заврши со резултат 158-77. 
Во текот на 4-те години во дресот на Цибона Петровиќ постигнуваше по 37.7 поени по меч во првенството на Југославија и 33,8 во европските купови.