Ракомет
6. October 2015 - 23:51

СЕХА лига: Вардар триумфираше и во Суботица

Ракометарите на Вардар ја постигнаа и петтата победа во СЕХА лигата откако вечерва ја совлада екипата на Спартак на гостувањето во Суботица со 36:27. 

Во редовите на Вардар најефикасни беа Марсениќ со 7 и Филип Лазаров со 6 голови.
Вечерва се одигра и дуелот Борац - ППД Загреб 21:35.
Табела: Вардар 15 бодови, ППД Загреб 12, Веспрем 9, Мешков Брест 9, Татран Прешов 9, Нексе 9, Спартак 4, Војводина 2, Макс Струмица 2, Борац 1.