Фудбал
3. September 2015 - 12:49

Со нов среден ред во Луксембург

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ потврди дека подготвува тројца нови играчи за средниот ред откако дефинитивно поради повреда нема да настапи и Адеми. Од оние кои играа во Словачка Душан Трајковски не доби покана а Хасани има жолти картони. 

Друловиќ пред новинарите уште еднаш потенцираше дека Луксембург е силен противник кој многу напредува во фудбалот но и дека има концепција како да му се спротистави на противникот. 
Македонскиот селектор на прес конференцијата дефинираше дека го знае тимот во поголем процент кој ќе истрча во Луксембург. 
Натпреварот со Луксембург се игра в сабота во 18ч и е директна пресметка за бекство од последното место на табелата.