Спорт плус
3. September 2015 - 16:13

Традиционално 24-то мото рели „Македонија независност 2015“

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески  денеска ги прими  организаторите на 24-тото традиционално меѓународно рели „Македонија независност 2015”. Господинот Тошо Маја и претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија Зоран Наумовски, го запознаа директорот Спасески за тековните подготовки и целокупната организација на ова рели, кое годинава ќе има и хуманитарен карактер.
- Драго ми е што традицијата продолжува и Мотоциклистичката федерација се вклучува во спортските настани за одбележување на државниот празник „8-ми Септември”. Искрено се радувам што годинава, покрај ревијалниот, мото релито ќе има и хуманитарен карактер и ќе добие димензија на привлекување на што е можно поголем број луѓе и компании да ја искажат својата хуманост и општествена одговорност и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно – потенцираше директорот Спасески. 
Традиционалното  меѓународно рели веќе 24 години наназад успешно е реализирано од страна на Мотоциклистичката федерација и може да се каже може дека е една од најстарите манифестации кои во континуитет се организираат за одбележување на Денот на независноста на Македонија.
- Најавено е учество на голем број натпреварувачи од Македонија и регионот, па и од Европа. досега се пријавени околу 450 вљубеници на овој спорт, што незначи дека до сабота, бројот на учесници не би се зголемил – изјави претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија Зоран Наумовски.
 
Инаку традиционално меѓународно рели ќе се движи на следните патни правци:
06.09.2013 - Скопје, Куманово, Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница, Берово, Струмица, Стар Дојран
07.09.2013 - Стар Дојран, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Отешево, Охрид.
08.09.2013 - Охрид, Струга, Дебар, Маврови Анови, Гостивар, Тетово, Скопје.
 
Релито стартува во сабота (05.09), од порта Македонија, каде во периодот од 08-10.00 часот, Црвениот крст на Р.М. ќе постави пункт за собирање на хуманитарни донации.