Македонија
12. January 2021 - 8:59

178 санкционирани возачи во Скопје, 30 за управување со брзина поголема од дозволената

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, од кои 30 за управување со брзина поголема од дозволената, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 13 за користење на мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.