Македонија
2. November 2016 - 17:19

АХВ: Не станува збор за небезбеден пијалок, туку за непочитување на означувањето на производот

Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево соопшти дека во однос на труењето на три малолетни лица со енергетски пијалок не станува збор за небезбеден производ, туку за непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале.

- Производот Симба, кој во медиумите се посочува како причинител на труењето со храна на малолетните лица, е безалкохолен пијалак, на кој соодветно е означено дека не се препорачува за деца под 18 години и за бремени жени, се наведува во соопштението на АХВ.

Оттаму посочуваат дека во тек е постапка од надлежните институции за тоа како овој пијалак дошол до малолетните лица.