Акции за чистење на скопскиот плоштад и во општина Бутел
На Градскиот плоштад во Скопје и во Општина Бутел денеска ќе бидат организирани акции за чистење по повод Светскиот ден на глобалното чистење - 15 септември.
Акцијата во централното градско подрачје е под мотото „Одговорноста е наша, заедно за почисто Скопје“, а зад неа стои администрацијата на ЈП „Комунална хигиена“.
- На овој начин сакаме да покажеме дека чистотата и хигиената на градот Скопје не зависат само од екипите на ЈП „Комунална хигиена“ кои еднаш во текот на денот ги празнат садовите за отпад и ги метат и мијат јавните површини. Сите граѓани на главниот град со своето совесно однесување и со својот третман на сопствениот отпад придонесуваат за заштитата на нашата животна околина, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.
Тој апелира граѓаните да го одлагаат комуналиот отпад само во кантите и контејнерите, а кабастиот во центрите за селекција за да не создаваат диви депонии и да се помогне во одржувањето на хигиената на Скопје и во заштитата на животната средина.
Вработените во општинската администрација Бутел, пак, ќе чистат околу општинската зграда, амбулантата, споменикот, паркот, паркинзите, пазарот, училиштето, градинките, трговскиот центар..., акции ќе има и во сите седум основни училишта на територијата на општината.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори