Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
Фудбалските федерации на Србија и Албанија поднесоа официјална кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027 година, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Албанија (ФСХФ).
- ФСХФ соопштува дека се пријавила за организација на завршниот турнир ЕУРО 2027 за играчи до 21 година. ФСХФ ќе соработува со Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), бидејќи нашата земја не ги исполнува условите да биде домаќин на сите натпреварите на ЕУРО 2027, објави ФС на Албанија.
ФСХФ потсети дека Тирана беше домаќин на финалето на Лигата на конференцијата во 2022 година.
-Ова, без никакво сомнение е многу амбициозен проект, кој ќе ја однесе Албанија во центарот на фудбалското внимание на целиот континент, констатира Топ чанел пренесувајќи ја веста.
ФСХФ потсетува дека Тирана беше успешен домаќин на финалето на Лигата на конференцијата во 2022 година.
Ново на Сител
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада