Македонија
28. October 2023 - 14:39

Алтернатива, Движење Беса и Демократско движење, следната недела ќе ја официјализираат изборната соработка

Партиските тела на партиите кои го сочинуваат Албанскиот опозициски фронт Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење следната недела се очекува да донесат одлуки за официјализирање на соработката за претстојните избори.

Албанскиот опозициски фронт исто така ги отвора вратите за приклучување кон овој блок интелектуалците, невладините организации и другите субјекти и сите што сакаат промени во Северна Македонија.

Односно, во наредните денови телата на секоја наша партија ќе одржат интерни состаноци на кои се очекува да се донесат важни одлуки, како онаа за подготвеност и официјализирање на соработката меѓу опозициските партии, вклучително и одлуката за име, лого и така натаму.

Следствено, од следната недела ќе може да се официјализира коалицијата на опозициските партии.

Кратко и јасно, од понеделник натаму, на некои луѓе и субјекти ќе им се уништи удобноста, затоа што ќе ја почувствуваат молњата што доаѓа, но за Албанците ќе се роди надеж за промена.

Демократско движење