Армијата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја лансирала неколку крстосувачки ракети
Северна Кореја денеска лансираше неколку крстосувачки ракети, соопшти армијата на Јужна Кореја.
Началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја соопшти дека неодреден број проектили се лансирани од западниот брег на Северна Кореја околу 11 часот (02:00 GMT), објави новинската агенција Јонхап.
Тоа, како што се наведува, е четврто лансирање на крстосувачка ракета на Пјонгјанг досега оваа година.
Северна Кореја неодамна соопшти дека тестирала нов тип крстосувачка ракета лансирана од подморница, Пулвасал-3-31, за да ја прошири својата способност за нуклеарни напади.
Крстосувачките проектили, испукани во неделата, ја погодија својата цел на остров во морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, објавија медиумите под контрола на државата. Пјонгјанг тврдеше дека неколку дена претходно го тестирал истото оружје за прв пат.
Покрај балистичките ракети со нуклеарни капацитети, Северна Кореја во неколку наврати во последните години тестираше и крстосувачки ракети, кои ги опишува како стратешки.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори
-
Ирански државни медиуми: Претседателот Раиси загина во хеликоптерска несреќа
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија