-->
-->
АТП: Расте предноста на Мареј
-->
По завршувањето на Мастерсот во Индијан Велс, Енди Мари ја зголеми разликата во однос на Новак Ѓоковиќ на чело на АТП листата. Роџер Федерер кој победи во Индијан Велс, направи најголем скок во Топ 10 и сега се наоѓа на шестата позиција.
Енди Мари во Индијан Велс настапот го заврши на самиот старт, но и покрај тоа ја зголеми бодовната предност во однос на Новак Ѓоковиќ, кој беше елиминиран во осминафиналето и загуби 920 бодови.
Разликата меѓу првиот и вториот во светот сега изнесува 3.090 поени, а истата дополнително ќе се зголеми по Мастерсот во Мајами, каде Ѓоковиќ е актуелен шампион, но поради повреда нема да ја брани титулата, поради што ќе загуби нови 1.000 поени.
АТП листа:
1. Енди Мари (Велика Британија) 12.005 бодови
2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.915
3. Стан Вавринка (Швајцарија) 5.705
4. Кеи Нишикори (Јапонија) 4.730
5. Милош Раониќ (Канада) 4.480
6. Роџер Федерер (Швајцарија) 4.305
7. Рафаел Надал (Шпанија) 4.145
8. Доминик Тим (Австрија) 3.465
9. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.420
10. Жо-Вилфред Цонга (Франција) 3.310.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“
-
Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот