Кошарка
18. May 2023 - 11:15

Брејк на Мајами во Бостон

 Мајами ја продолжува одличната серија во постсезоната. Откако влегоа во плејофот од осмото место, Џими Батлер и друштвото им го „зедоа скалпот“ на Милвоки и Њујорк, за да направат уште едно изненадување славејќи во  Бостон во првиот меч од  финалето на Истокот - 123:116 (28:30, 29:36, 45:25, 20:25).
 
Во меч полн со пресврти, во кој двете екипи имаа предност од повеќе од десет разлика, победникот беше решен на крајот од мечот. Бостон на крилата на Тејтум и Браун на пауза замина со девет поени предност (66:57), за тимот од Флорида да фати приклучок во третата четвртина, кога Батлер и неговите избраници ја освоија оваа делница со серија тројки за дури 20 поени.
 
Мајами поведе со 103:91 пред последната четвртина, но потоа следуваше нов налет на Селтикси. Брогдон и Вајт донесоа енергија од клупата, Браун погоди од полудистанца, потоа Тејтум полека го „скрши“ водството на ривалот од пенал и во последниот час, на две минути до крајот, Бостон дојде на минус-4 (110:114). . 
 
Сепак, токму кога атмосферата во ТЦ Гарден беше на врвот и навивачите се надеваа на завршница слична на онаа против Филаделфија, тимот на Ерик Споелстра застана. Не можеа да погодат шут од поле, а слабата ефикасност во нападот се одрази и на нивната игра на другиот дел од теренот. Мајами набргу
повторно дојде до двоцифрена предност со двете врзани тројки на Мартин и Батлер (120:110), која без поголеми проблеми ја задржа до последниот судиски свиреж.
 
Како и обично, стрелците на Мајами ги предводеше Батлер со 35 поени, Адебајо додаде 20, а Мартин, Лаури, Винсент и Струс постигнаа по 15 поени. Од друга страна, и Бостон имаше доста расположени кошаркари, шестмина го завршија натпреварот со двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Тејтум со 30.