Честитка од Иванов до новиот претседател на Европскиот парламент Тајани
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со честитка до Антонио Тајани по повод неговиот избор за претседател на Европскиот парламент, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.
- Вашиот избор на оваа функција е исклучително значаен. Тој се случува во период на бројни сериозни предизвици со кои се соочува Европа, а единството, довербата и неопходноста од повеќе соработка во рамките на Европската Унија се потребни повеќе од секогаш. Регионот на Југоисточна Европа исто така се соочува со предизвици и со ретроградни процеси. Токму, поради тоа мотивирачката енергија на Европската Унија е исклучително важна за нашиот регион. Ја користам оваа пригода да ја искажам благодарноста на Република Македонија за досегашната поддршка од Европскиот парламент и да Ве уверам дека ние сме подготвени да го преземеме својот дел од задачата за иднината на Европа и на Европската Унија, се наведува во честитката од претседателот Иванов.
Иванов нагласува дека членството во Европската Унија за Република Македонија претставува највисока стратегиска цел.
- Тоа e изборот на граѓаните на Република Македонија и тој избор ужива широка политичка, етничка и социјална поддршка и има силна обединувачка моќ во нашето општество. Токму затоа во време на Вашиот мандат очекувам и се надевам што поскоро да се деблокираат евроинтеграциските процеси. Секое натамошно пролонгирање на овој процес, како и досега, можно е, за жал, сериозно да влијае на темпото на реформите, на нивото на политичка култура во државата и на културата на дијалог и на компромиси, порачува Иванов во честитката.
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет