Свет
30. April 2018 - 23:22

Четворица туристи загинаа на швајцарските Алпи

Четворица туристи загинаа на швајцарските Алпи, а петмина се во лоша здравствена состојба, откако биле принудени да ја минат ноќта на отворено во областа Пин д`Арола, соопшти полицијата во кантонот Вале.

Спасувачите пронајдоа вкупно 14 лица, од кои некои имаа хипотермија, а еден човек бил веќе мртов, како последица на паѓање.  Жртвите биле транспортирани со хеликоптери во блиските болници, но три лица им подлегнаа на повредите..

Туристите беа од Италија, Франција и Германија.