-->
-->
Црногорската полиција бара докази за шверц на цигари во милионска вредност
-->
Припадници на црногорскиот Сектор за борба против криминалот утрово влегоа во пристаништето Бар, каде трагаат по докази за шверц на цигари во милионска вредност, објави подгорички весник Вијести.
Весникот објави дека тие „обработуваат документација на компаниите што се занимаваат со увоз на разни видови стоки, како и царинскиот магацин во слободната зона на Барското пристаниште“.
За борба со шверцот на цигари преку пристаништето Бар неодамна спомена лидерот на Движењето за промени, Небојша Медојевиќ.
На крајот на мај, тој тврдеше дека за 15 дена од 80 до 100 контејнери со шверцувани цигари го напуштиле царинскиот магацин во слободната зона во пристаништето Бар, чија вредност се проценува на 26 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци