Македонија
13. May 2016 - 23:23

ДИК ќе упати писмо до Вељаноски за отстапувања во Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) ќе му упати писмо на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски дека има отстапување во Избирачкиот список во повеќе изборни единици, согласно Изборниот законик.

Ваква одлука донесе ДИК на седницата одржана попладнево на која е констатирано дека во изборната единица 3 има помал број гласачи за 5,77 проценти, во ИЕ 4 има помалку 5,12 проценти, во ИЕ 5 - 1,04 проценти, во ИЕ 6 се 6,5 проценти повеќе гласачи.

ДИК вакво известување испратила до парламентот и на 31 декември 2015 година на што немало одговор.