Живот
28. December 2018 - 17:45

Ѕвер од 2 метри снимен во салон за автомобили: Чувар слушнал необична бука, па не можел да им верува на своите очи

Огромен крокодил, долг околу 2 метри, снимен е како шета низ салон за автомобили во Пуерто Ваљарта во Мексико.

Изгледаше како рептилот да ги разгледува „крајслерите“ пред очите на збунетите продавачи.

Чуварот слушнал некаква бучава, па отишол да види за што се работи зошто помислил дека во салонот влегле крадци.

Крокодилот не неправил никаква штета, а подоцна е вратен во своето природно живеалиште, а не е познато како воопшто се нашол овде.

Можно е да дошол од блискиот терен за голф.

Во околината на Пуерто Ваљарта живеат околу 200 крокодили, велат експертите.