ЕП: ЕУ да ја поправи стратегиската грешка и да почне преговори со Скопје и Тирана
Европскиот парламент попладнево со 412 гласови „за“, 136 „против“ и 30 „воздржани“ ја усвои Резолуцијата во која се бара ЕУ да почне пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, а минатонеделната одлука на европските лидери да го одложат тоа се оценува како стратегиска грешка.
ЕП во Резолуцијата изразува длабоко разочарување поради неможноста Советот на ЕУ на состанокот одржан на 17 и 18 октомври да постигне согласност за одредување датум за старт на преговорите со Скопје и Тирана. Се изразува жалење што Франција, Данска и Холандија ја блокирале одлуката за отворање преговори. Европратениците ги нагласуваат значителните напори што ги направија двете земји во изминатите години и исполнувањето на критериумите што беа барани од нив за старт на преговорите.
На Северна Македонија и се изразува признание за решавањето на, како што се наведува, тешките билатерални прашања со соседите, а на Албанија за спроведените судски реформи.
Неносењето одлука за преговори од страна на лидерите на ЕУ е стратегиска грешка која го нарушува кредибилитетот на Унијата и испраќа негативна порака до земјите кандидати. Тоа исто така отвора можност други странски фактори чии активности можеби не се во линија со вредностите и интересите на ЕУ да се ангажираат поактивно и да го наметнат своето влијание во Албанија и Северна Македонија, се вели во текстот на Резолуцијата.
ЕП истакнува дека реформите на процесот на проширување што ги бараат некои земји од ЕУ не треба да ги попречува Албанија и Северна Македонија кои веќе ги исполнија условите што беа побарани од нив. На процесот не треба да влијаат ниту внатрешно-политичките прашања во земјите членки.
Европарламентарците бараат од земјите членки на ЕУ да се однесуваат одговорно кон Северна Македонија и Албанија и да донесат едногласна позитивна одлука на следниот состанок. Европскиот парламент од својата страна, пак, ќе ја засили поддршката на националните парламенти во земјите од Западен Балкан за спроведувањето на демократските реформи, се вели во Резолуцијата што со големо мнозинство денеска ја усвоија европратениците.
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот