Кошарка
3. September 2015 - 14:42

Еуробаскет 2015: Хрватска со проблеми, Томас неизвесен

 
Велимир Перасовиќ селекторот на Хрватската, еден од домаќинот на  првата фаза од натпреварите на ЕП во кошарка, се судрува со проблеми.
 
На нешто повеќе од два ден пред истекот на рокот за пријавување на 12-мината играчи со кои „Коцкестите’’ ќе играат на Евробаскетот, и тоа во првата фаза пред домашната публика во Загреб, Перасовиќ, до последен миг ќе ја очекува одлуката на лекарскиот тим, дали Марко Томас ќе биде 100% подготвен за настап на шампионатот.
 
На денешната средба со новинарите, Перасовиќ само потврди дека искусниот Томас е под знак на прашаше, и дека до последен миг (четврток на полноќ) ќе очекува да го вклучи во составот, а дека тоа ќе го обзнани пред јавноста ден пред стартот на првенството.
 
-Знаете колку и значи присуството на Томас на нашата селекција, Тој, со прикажаното во подготовките заслужи да биде дел од екипата. Затоа, ќе чекам до последен миг, изјави Перасовиќ.
 
 
Инаку, покрај Томас, домаќинот на Ц групата, Хрватска пред три дена во дуелот против Израел настапи и без двајцата свои најдобри кошаркари, Дарио Шариќ и Бојан Богдановиќ, кои се пожалија на повреди.
  
Хрватска ќе биде третиот противник на Македонија, а натпреварот ќе се игра на 8 септември во терминот од 21 часот.
 
Од Загреб, Игор Трпески