-->
-->
Еве како ќе изгледаат новите банкноти од 200 и 2000 денари
-->
До крајот на годината или на почетокот на следната, треба да бидат пуштени во промет новите банкноти од 200 и 2000 денари соопшти Народната банка.
Засега се уште нема официјална одлука кога ќе се пуштат парите во промет, иако банката веќе има направен избор за компанија која ќе ги печати новите банкноти.
Тие ќе се печатат на специјална бела хартија, ќе имаат вграден воден печат, заштитна испрекината нитка, видливи и невидливи влакна кои реагираат под ултравиолетов светлина, како и засилен рабови против физички оштетувања.
Банкнотата од 200 денари ќе има мотиви од релјеф од виничките теракотни икони, како и елементи од челната фасада на „Шарената џамија“ во Тетово. Банкнотата од 2000 денари ќе има македонска невестинска носија од прилепскиот регион, додека на задната страна ќе има декорација од позлатен сад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников