Бизнис
6. May 2024 - 16:49

Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници

Речиси 13,2 милиони граѓани во Унијата биле без работа во март, проценува Евростат. Само во еврозоната невработените биле 11 милиони лица.

Иако бројките на невработени од месец на месец паѓаат и скоро сите земји се соочуваат со недостиг на кадар, двоцифрени стапки на невработеност има во Шпанија, скоро 12 отсто, Грција 10,8 и Шведска  8,3 %.

Најмалку невработени има во Чешка и Полска, по 2,9 % и Словенија 3,1 отсто. Според Евростат, невработеноста кај младите до 25 години во Унијата изнесува 14,6% , а во еврозоната 14,1. Инаку поголем процент на невработеност има кај жените, во однос на мажите.

Македонија, земја која не е членка ни на Унијата ни на еврозоната, не е опфатена во анализата, но статистичките бројки покажуваат дека лани невработени биле 13 % од населението или над 103.300 лица. 

Најпоскапувана дестинација за работа за нашите граѓани е Германија. Таму невработеноста изнесува 3,2%, но загрижувачки прогнози објави министерот за труд, Хајл, кој проценува дека за 11 години, на Германија ќе и фалат 7 милиони работници од сите квалификации. Сами лани празни останале  570 илјади работни места, а потреба од кадара имаат од сите квалификации.  Инаку во Германија работат 11,5 милиони лица со миграциско потекло, од кои половината имаат германски пасош. Најчесто работат во градежништвото и одржување на хигиената, каде 30 отсто се се странски пасош, но висок е уделот на странците и во академските професии, посебно во медицината, каде 14 отсто од лекарите немаат германско државјансво.  

Научните студии покажуваат дека мигрантите во просек заработуваат помалку од Германците и имаат поголем ризик да бида привремено невработени, па заради тоа да имаат помали пензии.

Според германските експерти, главниот проблем не е миграцијата, туку преголемите бенефиции кои им се даваат на лицата со ниски примања и на  невработените. Над 35% од имигрантите биле нискоквалификувани, па затоа сега Германија се стреми да привлече што  повеќе млади и висококвалификувани работници