-->
-->
Филмски грабеж во Скопје - Ограбена аптека
-->
На 30.07.2017 година околу 15.30 часот во аптека на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје непознат маскиран сторител извршил разбојништво, при што одзел околу 6.000 денари од дневниот промет. Сторителот влегол внатре и со закана со нож од вработената побарал пари. Во тој момент вработената се тргнала настрана, излегла низ споредната влезна врата и побарала помош. Во исто време сторителот од едната каса ги одзел парите и побегнал. Екипа на СВР Скопје извршила увид на местото на настанот и по кратко време сторителот е пронајден и приведен во ПС Центар. Се работи за И.С. (26) од Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Горела ниска вегетација кај скопско Ново село
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина