Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката
Горан Иванишевиќ повеќе не е тренер на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.
Двајцата ја прекинаа соработката по речиси шест години.
Веста дојде неочекувано, а ја објави Ѓоковиќ преку својот Инстаграм профил.
„Јасно се сеќавам на денот кога штотуку го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Беше во 2018 година и јас и Маријан баравме некоја иновација, да донесеме некоја магија на сервисот во нашето дуо. Всушност, не само што добивме сервис, добивме и многу смеење, забава, години на првото место, соборени рекорди и уште 12 Грен слемови и неколку финалиња од тогаш. Спомнав ли малку драма? Нолефам би требало да го знаат тоа“, рече Ѓоковиќ.
„Горан и јас одлучивме пред неколку дена да престанеме да работиме заедно. Хемијата на теренот имаше свои подеми и падови, но нашето пријателство отсекогаш било цврсто како камен. Всушност, јас сум горд на тоа, не сум сигурен дека е и тој. Освен што освојувавме турнири заедно, имавме и битка настрана во парчис (социјална игра) долги години. И тој турнир никогаш не завршува за нас“, додаде светскиот број. еден.
Пред Иванишевиќ, Новак соработуваше со Рикардо Пјати, Марјан Вајда, Тод Мартин, Борис Бекер и накратко со Андре Агаси.
Во текот на изминатите денови на тренингот во Белград друштво му правеше и поранешниот селектор на Дејвис куп тимот на Србија, Ненад Зимоњиќ.
Можно е тој да биде со Новак на следните неколку турнири, а со него ќе биде и Карлос Гомез Херера, некогашниот негов спаринг партнер, а сега негов менаџер.
Новак има време да донесе одлука со кого ќе соработува во иднина, а првиот следен турнир му е Мастерсот во Монте Карло од 7 до 14 април.
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија