Тенис
16. March 2024 - 10:52

Ѓорческа полуфиналистка на турнирот во Кипар

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на убедлив начин стигна до полуфиналето на ИТФ турнирот во кипарски Аламинос, совладувајќи ја денеска во четвртфиналето Русинката Ксенија Зајцева со 2-0 во сетови (6-2, 6-2) за 97 минути игра.

Македонската тенисерка имаше одлична реализација на брејк топките (4/6), а воедно не и дозволи на ривалката ниту еден брејк од девет шанси.

За пласман во финалето утре во полуфиналната пресметка нејзина противничка ќе и биде Италијанката Нурија Бранкачио (23 години, 240. место ВТА) која со 2-0 во сетови (7-6, 6-3) ја победи седмата носителка Кристина Дину од Романија.

Турнирот во Аламинос, во близина на Ларнака, се игра за награден фонд од 25.000 долари.