Живот
21. February 2016 - 19:47

Го фатила мажот со љубовница па му забила сатар во глава

Мажи, внимавајте како се однесувате. Овој Кинез заврши во болница зошто толку ја изнервирал својата жена, што таа му забила сатар во глава.

Проблемот настанал кога дознала дека тој има љубовница. Во моментот и паднал мрак на очи и ја дофатила првата работа што и била при раце.

За негова несреќа. тоа било месарски сатар. Таа го удрила во глава, па завршил во болница.

Иако ваквите рани често можат да бидат фатални, несреќниот маж стигнал до операционата маса. Иако деталите за неговата здравствена состојба не се соопштени, на снимката се гледа дека бил „на нозе“ кога влегол во болница.