Свет
22. April 2024 - 12:22

Големи поплави во Кина | ВИДЕО

Спасувачите во поплавената кинеска провинција Гуангдонг итно со чамци евакуираат жители, носејќи некои стари луѓе на грб за да ги спасат од поплавите кои го зафатија ова подрачје.

Смештени во густо населената делта на Бисерната река, оваа покраина често ја погодуваат летни поплави, и со текот на годините развила силна одбрана против разорните природни непогоди.

Од четвртокот Гуангдонг е погоден од необично силни и долготрајни дождови, но и силни бури кои стигнаа порано од предвиденото и очекуваното.

Научниците кажуваат дека временските непогоди во Кина стануваат се поинтензивни и понепредвидливи поради глобалното затоплување.