Македонија
30. August 2022 - 14:20

Град Скопје: Возачот на камионот кој пропадна во фонтаната ќе се казни, а ќе се бара и надомест за штетата

Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што е причинета штета на плочникот, информираат од Град Скопје.

Оттаму информираат дека Градот Скопје остро го осудува овој чин и дека ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета.

- Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции, додаваат од Град Скопје.