Македонија
20. December 2023 - 12:31

Графата за национална припадност во изводите пред Уставниот суд

Оспорените одредби  кои се однесуваат на графата националност во изводите за родени, венчани и умрени од Законот за матична евиденција и денеска пред уставните судии. Судот се очекува денеска да гласа и да донесе одлука дали ќе поведе постапка за ваквата иницијатива. Во јули кога иницијативата беше ставена на разгледување Уставниот суд не донесе одлука и предметот остана отворен.

Според подносителот, партијата Левица, чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред се поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност.