Живот
1. April 2019 - 15:21

Хит: Порошенко гласаше, а внукот за малку ќе го скинеше гласачкото ливче

Украина вчера избираше претседател, а на листата имаше дури 39 кандидати.

Актуелниот претседател Петро Порошенко гласаше во Киев, по што на присутните им се обрати на англиски јазик.

Сиот тој труд можеше да пропадне кога на внукот и го даде гласачкото ливче да го свитка и стави во кутијата.

Детето случајно ја згази хартијата и за малку ќе ја скинеше.