Македонија
10. May 2024 - 18:03

Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено

Вчера во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на Рафинеријата, патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.К.(41) од Косово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.