Балкан
26. November 2019 - 22:28

Излезе жива од урнатините, но го загуби животот во болница: Се уште се бројат жртвите во Драч

Диана Мечај (30) која била извадена жива од урната на шесткатница во Драч, на крај сепак го загубила својот живот.

Таа починала во болница, и покрај интервенциите на лекарите, бидејќи раните со кои се здобила биле многу големи.

Како што пренесува Ora News, повикувајќи се на полициски извори, нешто порано од урнатините била извадена и нејзината 8-годишна ќерка.

Инаку, досега се идентификувани 14 од 22 жртви, додека лекарска помош била пружена на 650 лица.