Македонија
27. јуни 2017 - 15:00

Куче предизвика страшна сообраќајка кај Табановце: Жена тешко повредена едвај ја извлекоа од автомобилот

Eдна 65-годишна жена е тешко повредена денеска на автопатот Куманово-Табановце кога автомобилот марка „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки во кој била сопатник, излетал од патот за да избегне судир со куче на патот, информираа од СВР Куманово.

Со автомобилот, како што се наведува, управувал 43 годишниот Б.М., кој се здобил со телесни повреди.

Увидот што го изврши полицијата ќе ги покаже причините за незгодата.