Лига на нации: Хет-трик на Роналдо и финале за Португалија
Фудбалската репрезентација на Португалија е првиот финалист на завршниот турнир во Лигата на нации што се одржува во Португалија.
На стадионот на Порто, „Драгао“ предмалку заврши првиот полуфинален меч меѓу домаќинот Португалија и селекцијата на Швајцарија.
Победата им припадна на домашните благодарение на хет-трикот на вонсерискиот Кристијано Роналдо. Португалија ја совлада Швајцарија со 3-1.
Водство за Португалија донесе Роналдо во 25 минути, од слободен удар.
Во 57 минута Швајцарците со голот од пенал на Родригез стигнаа до израмнување 1-1.
Кога сите очекуваа разврската да се одлучи по завршувањето на 90-те минути, Роналдо со два гола го визираше пласманот во финалето. Најпрво во 88 минута погоди за 2-1, а 2 минути подоцна ги постави конечните 3-1 со што ја однесе својата репрезентација на чекор од Европското првенство.
Утре од 20.45 часот во второто полуфинале ќе се судрат селекциите на Англија и на Холандија.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста