Македонија
1. December 2015 - 13:46

ЛП: Банките не може да бидат одговорни за политичките препукувања

Либералната партија преку соопштение денеска укажува на коалициските партии вклучени во договорот од Пржино доколку сакаат да спречат ескалација на политичката во финансиска криза потребно е итно да започнат преговори за суштинска трансформација, вклучително намалување на прекумерните буџетски трошења, вишоците во администрацијата и трансформацијата на првиот столб на пензиското осигурување.

Според ЛП со последниот случај, станува јасно дека сервисирањето на буџетските и „пржинските“ обврски тешко ќе се одвива паралелно и затоа потсетуваат од Либералната партија дека банките не може да бидат колатерала во дневно-политичките натпревари на пржинските партнери.

- Државните органи, вклучително Владата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, треба да се водат од државните интереси и нив ги штитат, а банките да продолжат да се водат од својата деловна политика. Оттука, банките не може да сносат одговорност за своето делување доколку истото е согласно законот, наведуваат во соопштението.