Максим Димитриевски кандидат за претседател на ЗНАМ
Максим Димитриевски ќе биде кандидат за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, соопшти денеска партискиот портпарол Никола Мемов.
Како што соопшти Мемов на прес-конференција, од утре почнува постапката за собирање потписи.
Според него, граѓаните првпат ќе имаат можност да гласаат за одредена опција, а не како досега, да гласаат против.
-Очекуваме победа. Нашата анализа покажува дека Димитриевски ќе влезе во вториот круг, за потоа да имаме и конечна победа. Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат кандидатурата на Димитриевски во општинските канцеларии на ДИК, нагласи Мемов.
Тој информира дека по завршената внатрепартиска постапка, Извршниот одбор донел одлука да му предложи на првиот Конгрес Димитриевски да биде кандидат за претседател на државата.
-На Македонија и е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. На Македонија и е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда, иднина. На Македонија и е потребен претседател којшто ќе го даде максимумот за неа. На Македонија и е потребен Максим Димитриевски, рече Мемов.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски