Живот
3. May 2022 - 19:17

Мече со скршена нога преминува улица во Маврово | ВИДЕО

На стотина метри од браната Маврово, на патот меѓу Дебар и Маврово е снимено младенче од мечка како преминува улица, пренесува Гостивар прес.

На снимката може да се забележи дека мечето очигледно има скршена нога, бидејќи куцка додека преминува преку патот.