-->
-->
Мексиканецот, Ромеро ново засилување за Вардар
-->
Мексиканецо, Цезар Ромеро (25 години) е нов член на Вардар. Ромеро игра во нападот, а до сега настапуваше за тимот на Пјуник од Ерменија каде што беше најдобар стрелец во првенството минатата година.
Низ својата кариера настапувал во екипите на Чивас од Америка, потоа во Мурчиелагос од Мексико, а има играно и во Германија во екипата на Танхаузен.
Ромеро во минатата сезона во Ерменија од 25 настапи, постигна 26 погодок и најзаслужен за освојување на шампионскиот пехар во ова првенство.
-Мило ми е што дојдов во Вардар. За клубот не знаев речиси ништо, меѓутоа ми кажаа за амбициите и за желбите. Се надевам дека заедно ќе ги оствариме, рече Ромеро.
Договорот со Ромеро е на една година, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.
Вардар го доби осмото ново засилување во своите редови за овој преоден рок. Претходно нашиот тим го засилија голманот Филип Гачевски, дефанзивците Владица Брдаровски и Немања Мијушковиќ, фудбалерите од средниот ред Дарко Велковски и Бобан Николов, потоа Бразилецот Хуан Фелипе како и искусниот Ацо Стојков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав